Епископ Иринеј нема да учествува во врачувањето на наградата на Зеленски

Епархијата источноамериканска на Српската Православна Црква категорично ги демантираше тврдењата објавени неодамна на социјалните мрежи, според кои епископот Вашингтонско-њујоршки и Источноамерикански Иринеј ќе учествува во врачувањето на наградата на странскиот шеф на држава на 26 септември 2026 година.

Од Епархијата ја повикуваат јавноста и медиумите, заради точно информирање за епископот Иринеј и неговите официјални активности, да се потпираат исклучиво на официјалните соопштенија на Епархијата и на Српската православна црква.

Имено, грчката православна црква „Свети Никола“ (Цариградска Патријаршија) во Њујорк, САД, во септември 2026 година на Менхетн ќе му ја додели на украинскиот претседател Владимир Зеленски својата награда „Светилник на надежта“. Во поканата е наведено дека Зеленски е „многу достоен добитник кој го осветли патот напред во време на големи предизвици“, предводејќи ја одбраната на својата земја во војната со Русија.

„Зеленски беше идеален избор за наградата на Свети Никола, додека Американците ја слават 250-годишнината од својата нација и одбележуваат 25 години од терористичките напади“, изјави извршниот директор на Националното светилиште „Свети Никола“, Ендру Вениопулос.

Тој нагласи и дека за настанот на кој ќе учествува лидер на странска држава ќе бидат преземени дополнителни безбедносни мерки.

„Сакаме да му оддадеме почит на претседателот Зеленски и на украинскиот народ за нивната борба и да покажеме солидарност“, рече Вениопулос.

Од соопштението на Источноамериканската епархија на Српската Православна Црква е јасно дека епископот Иринеј нема да учествува во овој настан.

Извор: https://spc.rs/sr/news///17602.saopstenje-eparhije-istocnoamericke.html преку: https://savezpn.rs/news/90372-episkop-irine-nee-uchestvovati-u-urucheu-nahrade-hostuuem-stranom-shefu