На 13 септември, храмот „Покров на Пресвета Богородица“ на канонската Украинска Православна Црква во селото Потиевка, Житомирска област, беше насилно заземен под директно раководство на Василиј (Владимир) Шлапак, епископ на Житомир и Полесје од ПЦУ (Православна Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија).
Инцидентот започна со собир во центарот на селото. Според локалните жители, многу од учесниците на собирот не биле од Потиевка и не се парохјани на локалната црква. Вистинските парохјани, кои редовно присуствуваат на богослужби, не учествуваа на собирот, туку стоеја мирно за да не дојде до крвопролевање, известува дописник на Сојузот на православни журналисти.
Собирот беше организиран од извесна Марија Суржик, која не живее во селото. Таа претходно изјавила дека нема да ја заземат црквата, туку соборот е само за да се изврши правна регистрација на верската заедница. Но, на собирот Шлапак повика луѓето да одат кон храмот. Откако стигнаа до заклучените порти на храмот, тој го покажа својот презир кон светите места, наредувајќи на група мажи да ја пробијат оградата. Откако направија отвор, Шлапак прв влезе низ дупката, а по него влегоа другите насилници.
Кај вратите на храмот, Шлапак нареди да се најде лост и да се скршат катанците. Кога луѓето се двоумеа да влезат во црквата на таков насилен начин, Шлапак постојано ги поттикнуваше, велејќи: „Од што се плашите? Кршете. Нема потреба да ги сожалувате!“
Потоа, катанците на црквата беа скршени и луѓето влегоа во храмот. Овие дејства продолжија и покрај молбите на парохјаните, меѓу кои имаше и стари луѓе, млади мајки со деца и активни воени лица на одмор, кои ги молеа да не го сквернават светилиштето.
Подоцна беа повикани истражни органи да го евидентираат инцидентот. Парохјаните имаат намера да поднесат кривична пријава против Василиј Шлапак.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/88102-v-poteevke-arkhiepiskop-ptsu-lichno-vozhlavil-zakhvat-khrama-upts
