Епископи на Руската и на Српската православна црква сослужуваа во Париз

Епископи на Руската и на Српската православна црква сослужуваа на Божествената Литургија по повод празнувањето на споменот на свети Серафим Саровски во Париз, Франција. 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Нестор Корсунски, Патријаршиски Егзарх за Западна Европа на Московската Патријаршија, и Неговото Преосвештенство Епископот Јустин Западноевропски од Српската Православна Црква отслужија Литургијата во црквата „Свети Серафим Саровски“, на 2 / 15 јануари 2025 година, во Париз, известува Корсунската епархија. 

На богослужбата сослужуваа и локалниот настојател јеромонах Никодим (Павлинчук) и други свештеници-гости. 

Литургијата беше отслужена на црковнословенски, француски и молдавски јазик. На крајот од службата, Митрополитот Нестор им се обрати на присутните со беседа посветена на животот и почитувањето на Свети Серафим. 

Потоа, архијереите, свештенството, верниците и гостите заеднички споделија братска трпеза.

Извор: https://cerkov-ru.com/novitiae/Mgr-Nestor-1888/