Епископот на Букоба и Западна Танзанија г. Хризостом, од Александриската Патријаршија, на 13 септември годинава, ја посети парохијата „Свети Апостол Натанаил“ во Кисомоко, каде што отслужи Божествена Литургија и изврши групно крштение на 41 огласен. На богослужбата мноштво верници од соседните парохии, заедно со нивните свештеници и катихети.
Оваа парохија е нова и има 250 верници, со активниот парохиски свештеник отец Евсевиј и двајца катихети. Купена е голема парцела, на која верниците изградиле привремен храм. Парохијата е посветена на светиот апостол Натанаил, мисионер во Африка, кој заедно со својот кум, апостолот Симон од Кана, проповедал во Северна Африка сè до Мавританија, каде што и пострадал маченички.








