Администраторот на парохиите на Московската Патријаршија во САД, Епископ Матеј Сурошки, му честиташе на Доналд Трамп за изборот за Претседател на Соединетите Американски Држави – известува официјалниот интернет сајт на Руската Православна Црква.
Во текстот на честитката стои:
“Почитуван господине Трамп!
Во име на Патријаршиските парохии на Руската Православна Црква во САД, примете ги нашите честитки за Вашето избирање за должноста Претседател на Соединетите Американски Држави. Американскиот народ повторно Ви укажува доверба за водење на државата, поврзувајќи со Вашето претседателство надежи за понатамошен економски и социјален развој, зацврстување на согласноста и стабилноста во општеството.
Ние се надеваме дека периодот на Вашето претседателство ќе биде време на барање на патишта за меѓусебно разбирање меѓу земјите и народите, мирно решавање на меѓународните конфликти, утврдување на принципите на верска слобода во целиот свет.
Посакувам Вам, почитувани господине Трамп, цврстина на силите, Божја помош и успеси во одговорната државничка служба.”