На 1 октомври / 25 септември 2026 година, Неговото Блаженство, Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, го прими свештеникот и црковните настојатели на заедницата Амбелин, која е во јурисдикција на Птолемаидско-Акрската митрополија на Ерусалимската патријаршија, по прашања поврзани со нивната заедница, а особено за прашањето за кое побарале од Неговото Блаженство заедничко празнување на Божик.
Неговото Блаженство им одговори дека Патријаршијата веќе има донесено Синодска одлука по ова прашање, според која 25 декември, денот на празнувањето на Божик според грегоријанскиот календар, одговара на 12 декември според јулијанскиот календар, кога се празнува споменот на свети Спиридон. На тој ден Патријаршијата социјално го одбележува Божик заедно со христијаните од другите конфесии, но не и литургиски. На тој ден Патријаршијата редовно го празнува споменот на свети Спиридон, епископ Тримитунтски Чудотворец, и ги пее тропарите на неговиот празник, во кои уште како предвесник се содржани и катавасиите „Христос се раѓа, прославете Го“.
Оваа пракса Патријаршијата ја следи и во односите со другите христијански цркви во Ерусалим, односно разменува посети од општествен карактер, со цел да даде добро христијанско сведоштво пред светот, без притоа да се вршат литургиски чинови.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/xronikon/επισκεψεις-παρα-τη-α-θ-μ-7/
