Ерусалимската Патријаршија изрази поддршка за братството на Синајскиот манастир

Ерусалимската патријаршија издаде соопштение во кое ја изразува својата целосна поддршка за Синајското братство, потврдувајќи ги правата на отците од Светиот Синајски манастир. Овој став е во спротивност со неодамнешните одлуки на Светиот синод на Цариградската патријаршија, кој изрази поддршка за архиепископот Дамјан.

Соопштението објавено на 31 август 2025 го пренесуваме во целост.

Соопштение од Ерусалимската Патријаршија

Ерусалимската Патријаршија целосно го поддржува Синајското Братство, признавајќи ги правата на Отците на Светиот Манастир, кои се вградени во неговите основни регулативи и заштитени во текот на целото негово вековно монашко предание.

Оваа поддршка е изразена во рамките на духовната и канонска јурисдикција којашто ја остварува Ерусалимската патријаршија.

Во овој контекст, Патријаршијата ги поддржува и ги повикува да соработуваат грчката држава и сите други релевантни засегнати страни, за да се заштити канонскиот поредок и да се воспостават мирот и единството во Светиот манастир.

Извор: https://en.jerusalem-patriarchate.info/announcements/announcement-by-the-jerusalem-patriarchate/