Ерусалимската Патријаршија против систематското насилство врз Христијаните од Светата земја

Пожар покрај археолошкиот локалитет со остатоците од Црквата на свети Ѓорѓи во палестинскиот град Тајбе на Западниот Брег

Патријарсите и претстоителите на Црквите во Ерусалим, меѓу кои и Блаженејшиот Патријарх Ерусалимски г.г. Теофил, на 15 јули 2025 година издадоа заедничко соопштение против зачестените напади против христијаните од страна на радикалните Евреи во Светата Земја, насочени кон систематско протерување на христијаните од овие простори. Во продолжение го пренесуваме ова соопштение, објавено на интернет страницата на Ерусалимската Патријаршија.


Изјава на Советот на патријарсите и претстоителите на црквите во Ерусалим

Ние, Советот на Патријарсите и претостоителите на црквите во Ерусалим, денес сме во Тајбе за да изразиме наша солидарност со локалната заедница, соочена со сѐ поголем број систематски и целосно насочени напади против неа и против присуството на христијаните. Го молиме вашиот молитвен труд, вниманието и акцијата на светската заедница, особено на христијаните низ целиот свет.

Во вторникот, на 7 јули 2025 година, екстремни фанатични елементи од соседни населби намерно предизвикаа пожар на градските гробишта и во храмот „Свети Георгиј“ од 5 век. Градот Тајбе е последниот целосно христијански град на Западниот брег. Овие дела претставуваат непосредна и намерна закана, не само за локалната заедница, туку и за историското и религиско наследство на нашите предци и светите места што ги поседуваме. Против ваквите закани, најсилен чин на храброст е да се продолжи да се нарекува ова место свој дом. Стоиме покрај вас, ве поддржуваме во вашата борба – во вашата отпорност, ве благословуваме и молиме за вас.

Искажуваме длабока благодарност до жителите и пожарникарите кои дејствуваа за гаснење на пожарот пред да дојде до целосна уништување на светите места, и се молиме заедно со локалните православни, латински и малкитски православни свештеници, повикувајќи на поддршка против повторните и систематски напади од екстремните фанатици, кои стануваат се потешки и почести.

Во последните месеци, екстремни – радикални елементи ги водеа своите стада на пасиште на имотите на христијаните на источната страна од градот Тајбе, кој е земјоделска област – правејќи ја непристапна или, уште полошо, предизвикувајќи штети на нивните маслинарници, кои обезбедуваат егзистенција на семејствата. Минатиот месец, многу домови беа опожарувани од радикалите, кои поставија табли со натпис „Тука нема иднина за вас“.

Црквата стабилно го одржува своето присуство во оваа област речиси 2.000 години. Јасно и категорично ги отфрламе пораките на исклучување и ја потврдуваме нашата посветеност на Светата Земја како место на мирно и достојно соочување на различни религии, кои живеат во достоинство и безбедност.

Советот на Црковните Предводници бара да се преземе одговорност од насилните елементи, но и од израелските власти кои ги овозможуваат и дозволуваат нивното присуство во градот Тајбе. Дури и за време на војна, светите места мора да бидат заштитени. Повик за итна и транспарентна истрага за причините поради кои израелската полиција не одговорила на итните повици на локалната заедница и поради кои овие ужасни дејствија продолжуваат без казна.

Нападите од страна на доселениците врз мирната заедница на Тајбе и друго место на Западниот брег треба веднаш да престанат. Овие се дел од систематски напади врз христијаните кои се случуваат низ целата област.

Дополнително, ја повикуваме дипломатската, политичката и црковната елита во светот да обезбедат присуството на христијанската заедница во Тајбе да биде заштитено, а жителите да можат мирно да живеат и да му се поклонуваат на Бога, обработувајќи ја земјата без страв и живеејќи во мир – редок доблест во овие времиња.

Го обединувајќи нашиот глас со локалниот клир од градот Тајбе, повторуваме зборови на надеж, против упорната закана – дека „вистината и правдата конечно ќе победат“. Потсетуваме на зборовите на пророкот Амос како молитва во овие тешки времиња: „И ќе извира правда како вода, и праведност како поток непресушен“ (Амос 5, 24).

Извор: https://en.jerusalem-patriarchate.info/letters-messages-of-his-beatitude/statement-by-the-patriarchs-and-heads-of-churches-of-jerusalem/