Ерусалимскиот патријарх благослови нов детски оддел за неизлечиви болести

Утрото во вторникот, на 17/30 јуни 2026 година, Неговото Блаженство, Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, придружуван од Високопреосвештениот митрополит Капитолијски Исихиј, Високопреосвештениот архиепископ Константински Аристарх, архимандритот Матеј, архимандритот Христодул – секретар на Светиот синод, и архиѓаконот Марко, ја посети и ја благослови хуманитарната дејност на фондацијата „Четири дома на милосрдието – Сиксек “ во Витанија.

Неговото Блаженство особено ги благослови новите простории на Одделението за деца со неизлечиви заболувања.

Оваа установа е основана во 1946 година на земјиште подарено од Јордан, по иницијатива на блаженоупокоената православна христијанка Сиксек. Од своето основање до денес, непрекинато ја извршува својата хуманитарна мисија, обезбедувајќи грижа за лица од сите возрасти кои боледуваат од неизлечиви заболувања, а особено за мали деца со тешки и неизлечиви болести, на кои ниту болниците ниту нивните семејства не се во можност да им обезбедат соодветен медицински третман, рехабилитација или неопходна фармаколошка нега.

Неговото Блаженство беше запознаен со новите простории на Одделението за неизлечиви заболувања од поранешната директорка на установата, Надија Караа, и од сегашната директорка, Дијана Мисиахуар, во присуство на градоначалникот на Витанија и други претставници на Палестинската самоуправа.

Патријархот Теофил го изрази своето високо признание за посветеното и несебично хуманитарно дело што го извршува фондацијата и ги благослови новите простории на нејзиното одделение.

Медицинскиот, болничкиот и административниот персонал на установата, како и децата кои боледуваат од неизлечиви заболувања, му изразија благодарност на Неговото Блаженство за моралната и материјалната поддршка што ја добиваат од Ерусалимската Патријаршија, како од нејзините сопствени средства, така и преку донациите на добротворите.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/erga/ο-μακαριωτατος-πατριαρχης-ιεροσολυμ-6/