На 15 ноември 2024 година, амбасадорот на Казахстан во Израел, неговата екселенција г-дин Даулет Ембердиев, за време на неговата посета на Ерусалимската Патријаршија, на Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил му го врачи Првиот Орден на мирот на Република Казахстан во име на Република Казахстан, која е со претседателски систем на управување. Основите за оваа награда се односите на Патријаршијата со оваа земја и придонесот на Неговото Блаженство во меѓурелигискиот, културниот и миротворниот дијалог – известува канцеларијата на Ерусалимската патријаршија.
Амбасадорот г-дин Ембердиев на Неговото Блаженство му подари убава традиционална амфора.