Во четврток, на 7/20 март 2025 година, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, во салата на Патријаршијата му го врачи на Амбасадорот на Русија во Израел, г. Анатолиј Викторов, орденот „Висок командир на редот на витезите на Светиот Гроб“ во знак на признание за неговата поддршка на правата на Ерусалимската Патријаршија врз Светите Места и на христијанските заедници во Светата Земја.
Во своето обраќање, Неговото Блаженство ја изрази својата загриженост за состојбата на христијанските заедници во ова вознемирено подрачје на Блискиот Исток, како и за одлучувачката улога што треба да ја имаат Црковните институции во напорите за водење преговори со цел зачувување на духот на мирот.
По размената на соодветните обраќања според протоколот на свеченоста, Амбасадорот г. Викторов го увери Неговото Блаженство за својата посветеност кон активностите за заштита на христијанското присуство во Светата Земја – известува канцеларијата на Ерусалимската Патријаршија.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/xronikon/makariotatos-patriarxis-135/