Ерусалимскиот Патријарх им ги врачи дипломите на матурантите од училиштето на Патријаршијата во Јафа

На 27 јуни 2026 година, во попладневните часови, се одржа свеченоста по повод дипломирањето на дванаесетте матуранти од гимназијата на Ерусалимската Патријаршија во Јафа.

Свеченоста се одржа во објект на Ерусалимската Патријаршија, кој е во состав на Светогеоргиевскиот манастир. Зградата била изградена на почетокот на XX век од блаженоупокоениот архимандрит Герасим, чувар на Светиот Гроб. Во периодот од 1948 до 1995 година објектот бил заземен од израелската војска, по што Патријаршијата по судски пат го вратила во своја сопственост и повторно го ставила во функција како училиште.

Добро организираната свеченост се одржа на отворениот простор пред зградата, под раководство на директорката Манал Хури и наставниот кадар.

Настанот започна со молитва што ја вознесе Архиепископот на Јафа Дамаскин, игумен на Манастирот на светите Архангели во Јафа, во сослужение со отец Константин, парохиски свештеник при храмот.

На свеченоста се обратија тројца од матурантите, кои говореа на арапски, еврејски и англиски јазик. Тие изразија благодарност до Ерусалимската Патријаршија, до своите наставници и до своите родители за поддршката што им ја давале во текот на дванаесетгодишното школување. Како што истакнаа, „родителите и наставниците нè инспирираа и вложија во нас, а со тоа богатство денес излегуваме на патот на животот“.

Свеченоста со своето присуство ја почестија митрополитот Акра-Птолемаида Макариј, амбасадорката на Грција во Израел, Маја Солому, амбасадорот на Кипар Мариос, претседателот на „Џамајије“, Кристијан Дик, како и други гости.

Свеченоста беше заокружена со поздравното слово на Неговото Блаженство, Ерусалимскиот Патријарх, прочитано на арапски јазик од отец Константин. Потоа, Патријархот лично им ги врачи дипломите на сите матуранти, упатувајќи им ги своите желби за „успех на испитите и успешна професионална кариера“.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/xronikon/ο-μακαριωτατος-πατριαρχης-ιεροσολυμ-5/