Ерусалимскиот Патријарх му изрази поддршка на настојателот на Киево-Печерската лавра

По Божествената литургија во Акатистната сабота, на 5 април 2025 година, настојателот на Киево-Печерската лавра, митрополитот Павле (Лебед), оствари видео разговор со Ерусалимскиот Патријарх Теофил, известува интернет сајтот на лаврата. 

„Ерусалимскиот Патријарх го пренесе својот благослов и изрази поддршка за настојателот и братството на манастирот“, се вели во соопштението. 

На крајот од разговорот архијереите упатија честитки за претстојниот голем празник Благовештение на Пресвета Богородица и испросија меѓусебни молитви. 

Извор: https://lavra.ua/sostoyalas-onlajn-beseda-s-patriarhom-ierusalimskim-feofilom/