По повод празникот на светата славна мироносица Марија Магдалена и Маркела Хиополска, на 22 јули/4 август 2026 година, Блаженејшиот патријарх Ерусалимски г.г. Теофил го посети манастирот „Св. Марија Магдалена“ на Руската Православна задгранична Црква во Гетсиманија, во придружба на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Назаретски г. Киријак, Неговото Високопреосвештенство архиепископот Константински г. Аристарх, архимандритот Христодул и архиѓаконот Марко.
Таму тој ги благослови игуманијата Елисавета и монахињите од овој свет манастир, како и верниците кои се молеа таму. Блаженејшиот патријарх беше пречекан од Неговото Високопреосвештенство митрополитот Берлински г. Марко, неговиот помошник, епископот Штутгартски г. Јов од Германската епархија на Руската задгранична Црква, и архимандритот Роман, настојател на манастирот на Маслиновата Гора и на овој манастир.
Патријархот учествуваше и во литијата која беше извршена по светата Литургија, во присуство и на настојателот на Мисијата на Руската православна црква во Ерусалим, архимандритот Васијан, како и на амбасадорот на Русија во Израел, г. Анатолиј Викторов.


















Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/leitourgiki-zoi/ο-μακαριωτατος-πατριαρχης-θεοφιλος-ε/
