Ерусалимскиот Патријарх началствуваше на првата служба на Женихот

На вечерта на Цветница, 30 март / 12 април 2025 година, започна Првата служба на Женихот од Страсната седмица во светиот храм на Воскресението Христово, во Ерусалим.

Со оваа служба началствуваше Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, во сослужение на свештенослужителите од Светиот Гроб.

Црковното пеење на грчки јазик го водеше протопсалтот, ѓакон Евстатиј, со придружба на псалти-гости од Грција, а во песнопенијата помагаше и Високопреосвештениот Митрополит Еленуполски г. Јоаким.

Кон собранието на побожни поклоници по повод Страсната седмица и Пасха се обрати Неговото Блаженство, говорејќи за Женихот и Спасителот на нашите души.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/leitourgiki-zoi/η-α-ακολουθια-του-νυμφιου-εισ-τον-πανι/