Ерусалимскиот Патријарх Теофил го посети свечениот прием во чест на Денот на Русија

На 13 јуни 2024 година, во Сергиевското подворје во Ерусалим беше одржан прием во чест на Денот на Русија. На почетокот од свеченоста, со поздравно слово се обрати рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов. Од името на Владата на Израел, поздравно слово одржа Министерот за земјоделие Ави Дихтер.

Меѓу почесните гости на приемот беше Ерусалимскиот Патријарх Теофил III, со свештенослужители на Ерусалимската патријаршија. Исто така, присутни беа: амбасадорите на Грузија, Казахстан, Узбекистан, Србија и Босна и Херцеговина, свештенослужители на Руската задгранична црква и претставници на израелските политички партии и на бизнис заедницата.

На приемот присуствуваа и претставници на Руската духовна мисија во Ерусалим (игумен Никон Головко, протојереј Николај Жданов и ѓакон Макариј Петухов).

Извор: https://mospat.ru/ru/news/91882/