На 18 јуни 2024, Ерусалимскиот Патријарх Теофил ќе го посети седиштето на Атинската Архиепископија, каде ќе оствари средба со Архиепископот Атински и на цела Грција Јероним.
Ова ќе биде прва средба на двајцата поглавари откако започна воениот судир меѓу Израел и Хамас (на 7 октомври 2023 година), со сите последици што ги има војната, особено за областа Газа. Црквата на Грција ја осуди војната и ја изрази својата подршка кон Ерусалимската патријаршија и кон значајната дејност, што таа ја извршува во Светата земја, чувајќи ги светилишта на нашата вера.
Архиепископот Јероним, во своите изјави има упатено апели за прекин на војната.