Ерусалимскиот патријарх во посета на Цариградската патријаршија – средба со патријархот Вартоломеј

Царгирадскиот патријарх г.г. Вартоломеј на 21 јули 2026 година, имаше средба со Ерусалимскиот патријарх г.г. Теофил III, кој престојува во посета на седиштето на Цариградската патријаршија.

Патријархот Теофил во изминатите денови ја изразил својата желба да ја посети Цариградската патријаршија, одговарајќи и на претходните покани од патријархот Вартоломеј.

На средбата во Тронската сала, покрај Цариградскиот патријарх, присутни беа и Високопреосвештените митрополити Прикониски Јосиф и Анкирски Григориј, Преосвештениот епископ Ксантуполски Паисиј, како и свештенослужители и службеници на Патријаршискиот двор. Од страна на Ерусалимскиот патријарх присуствуваа Високопреосвештениот архиепископ Антидонски Нектариј, претставник на Светиот Гроб во Цариград, неговиот архиѓакон Марко, како и мирјани – негови соработници.

Потоа двајцата поглавари одржаа разговор насамо, при што имаа можност да разговараат за меѓуцрковни и други актуелни прашања од заеднички интерес. Цариградскиот патријарх го изрази личниот интерес, како и грижата на Патријархшијата, за состојбата на христијаните во Светата Земја, изразувајќи надеж дека во страдалниот Блиски Исток ќе завладее мир, во полза на сите народи што живеат таму.

Веднаш по средбата, патријархот Вартоломеј приреди свечена вечера во чест на патријархот Теофил и неговата придружба.

Извор: https://ec-patr.org/21/07/20/29/o-mak-patriarchis-ierosolymon-sto-oiko/