Естонската православна црква изразува благодарност кон претседателот на Естонија за заштитата на уставните права

Естонската православна христијанска црква изрази искрена благодарност до претседателот на Република Естонија, Алар Карис, за неговиот принципиелен став во однос на измената на Законот за црквите и парохиите, кој не беше потврден, туку беше вратен во парламентот.

Според мислењето на претседателот, усвоениот закон не е во согласност со уставот, бидејќи ограничувањето на слободата на вероисповед и слободата на здружување, коешто законот го произведува, не е пропорционално, – се вели во соопштението на Естонската православна црква

„Естонската православна христијанска црква секогаш се залагаше за конструктивен дијалог меѓу верските организации и државата, заснован на меѓусебно почитување, законитост и демократски принципи. Верувајќи во Бога, ги почитуваме законот и правдата, го осознаваме правото и можноста да ги браниме нашите уставни права, за чија заштита на локално и на меѓународно ниво моравме да ангажираме адвокати. Денешната одлука на претседателот ја потврди нашата увереност во тоа, дека се наоѓаме на вистинскиот пат.

Се надеваме дека Министерството за внатрешни работи ќе ни даде можност да продолжиме со преговорите врз основа на спомнатите принципи, што ќе овозможи парламентот и целата јавност да се уверат дека канонската врска на Естонската православна христијанска црква со нејзината Мајка Црква не претставува закана за безбедноста на државата и дека тврдењата за таква опасност од Естонската православна христијанска црква се неосновани. Во текот на својата историја во Естонија, нашата Црква покажа лојалност кон естонската држава и почит кон народот, поддржувајќи ги демократските вредности, меѓу кои една од најважните е слободата на вероисповед.

Во овие светли Велигденски денови, прославувајќи го Христовото Воскресение, особено сме благодарни на нашето свештенство и на парохјаните за нивната непоколеблива вера, трпение и доверба. Ја изразуваме нашата искрена благодарност и до сите кои се осмелија отворено да настапат во одбрана на нашата Црква, и покрај широката информативна кампања против неа. Моралната поддршка и молитвите ни даваат сила во одбраната на црковната вистина и на уставните права“, – се вели во соопштението на Естонската православна христијанска црква.

Извор: https://rus.err.ee/1609674062/jephc-blagodarit-prezidenta-jestonii-za-zawitu-konstitucionnyh-prav