На почетокот на декември 2024 г., на платформата Rahvaalgatus.ee беше објавен апел од парохјаните на Естонската православна црква до Естонскиот парламент со предлог да се запре разгледувањето на измените во Законот за цркви и парохии и во процесот на дискусија да бидат вклучени организациите и луѓето кои директно или индиректно се поврзани со ова прашање.
До Парламентот може да се поднесе петиција со најмалку 1000 потписи. За петицијата на парохјаните на Естонската православна црква за еден месец беа собрани повеќе од 4000 потписи (дигитално и на хартија).
Авторите на иницијативата истакнуваат дека новата верзија на Законот за цркви и парохии, освен на Естонската православна црква како посебен правен субјект, ќе влијае и на секоја нејзина парохија. Ако се усвојат измените на законот, на правните лица на Естонската православна црква им се заканува принуден прекин на дејноста, бидејќи ќе биде невозможно во рок од два месеца да ги исполнат предвидените барања. А, бидејќи предложените ограничувања го допираат и канонското право, извршувањето на барањата може да биде невозможно од причини независни од Естонската Црква и нејзините парохии. Присилувањето на луѓето да ги прекинат врските со нивната Патријаршија, што е противправно во однос на каноните, и да преминат во друга Патријаршија, е мешање во внатрешниот живот на религиозните заедници.
Така, преземените мерки директно ќе влијаат на значителен дел од парохјаните и клирот на Естонската православна црква, чиј богослужбен и парохиски живот ќе биде нарушен поради неможноста да продолжат да се собираат во своите цркви со своите свештенослужители и да водат религиозен живот според вообичаениот ред.
На 20 јануари 2025 година, Естонскиот парламент ја објави својата одлука дека ја прифаќа петицијата на парохјаните на Естонската православна црква: „Да се запре разгледувањето на нацрт-законот за внесување измени во законот за цркви и парохии и да бидат вклучени заинтересираните лица и организации при оценувањето на потребата од измени на законот“ и ја проследува за разгледување до правна комисија.
