Естонските власти со нови притисоци врз Естонската православна црква

Зградата во Талин каде што се просториите на Естонската црква. Фотографија: Kesklinna valitsus

Од овој месец, Естонската православна црква ќе мора да плаќа повеќе од двојно повисока наемнина за просториите каде што се сместени нејзините административни канцеларии во центарот на Талин. 

Естонија врши притисок врз Естонската православна црква да ги прекине врските со Московската патријаршија и да ѝ се приклучи на Цариградската патријаршија, која исто така има присуство во земјата. Иако Естонската Црква се спротивстави на војната и властите признаваат дека немаат докази за неправилности, властите го протераа поглаварот на Естонската црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Евгениј Талински во февруари и бара од Црквата еднострано да ги прекине врските со Московската патријаршија, и покрај нејзината административна автономија. 

Во октомври, министерот за внатрешни работи Лаури Ланеметс предложи да се забрани работата на сите парохии поврзани со Московската патријаршија. 

На локално ниво, администрацијата на Талинската општина Кесклин испрати писмо до Црквата во април, со кое го раскина договорот за наем за просториите во стариот дел на градот. Зградата требаше да биде испразнета до 21 јули, но Црквата го оспори раскинувањето на договорот на суд, кој сè уште нема донесено одлука. 

Како одговор, локалната администрација ја зголеми месечната наемнина од 820 евра1.707 евра, објави Естонската радиотелевизија. 

„Правниот спор околу ова прашање сè уште не е решен, а додека Црквата продолжува да ги користи овие простории за своите активности, локалната администрација ќе издава месечни сметки за надомест за штета“, изјави Сандер Андла, раководител на администрацијата на Кесклин. 

Извор: https://rus.err.ee/1609541234/tallinn-povysil-arendnuju-platu-dlja-pomewenij-pravoslavnoj-cerkvi-moskovskogo-patriarhata преку: https://orthochristian.com/165262.html