Евакуирани манастирите „Свети Ефрем“ и „Дау Пентели“ близу Атина поради пожарот кој беснее неконтролирано

Пожарот што се проширува на Пентелиската планина, близу Атина, има фронт од над 20 километри, а правецот на ветровите постојано се менува. Во борбата за гаснење на пожарите се ангажирани 510 пожарникари.

Според информациите од противпожарната служба, против пожарите што беснеат на многу места во Атика, во вкупно два круга се вклучени 32 летала (17 хеликоптери и 15 авион).

Од неделата попладне, кога пожарите ја погодија голема област на Северна Атика, во пламен падна и манастирот на Архиепископијата на Атина „Достојно ест“, во област Варнава.

Денес се очекува да се видат штетите во просториите на овој манастир, кој се смета од исклучителна важност бидејќи таму се чуваат вредни културни богатства и црковни реликвии на Атинската архиепископија.

Според портпаролот на противпожарната служба, за пожарот во Варнава, и покрај тоа што летало за гасење пожар започна со гасењето 5 минути по почетокот на пожарот, а во рок од 10 минути пристигнаа првите противпожарни возила, сепак силните ветрови го проширија пожарот многу брзо со постојано отворање на нови огнени фронтови.

Извор: https://www.orthodoxtimes.gr/ekkenothikan-ta-monastiria-tou-agiou-efraim-kai-tis-pentelis/