Симпозиумот на тема „Миграција и трговија со луѓе како резултат на војна“, организиран од Католичкиот совет на епископските конференции на Европа (лат. Consilium Conferentiarum Episcoporum Europae, скратено CCEE) во соработка со православната митрополија на Ретимно, ќе се одржи од 3 до 5 ноември 2024 година во градот Ретимно на Крит. Учесниците ќе ги разгледуваат проблемите на миграцијата предизвикани од војната и проблемот на трговијата со луѓе од теолошка, пастирска и морална гледна точка со цел пронаоѓање на можни практични решенија.
Овој католичко-православен форум им обезбедува на епископите од двете апостолски европски цркви единствена можност за дијалог во контекст на човечките страдања предизвикани од војна и последиците од војната. На средбата ќе се дискутираат проблемите на бегалците и проблемите на луѓето кои се нашле во ранлива состојба како резултат на воени дејства. Католичко-православниот форум претставува важна екуменска платформа за развој и зајакнување на заедничкото црковно сведоштво во Европа – соопштува интернет страницата на Финската православна црква.
Финската православна црква ќе биде претставена на претстојната католичко-православна средба на Крит од страна на неговото Високопреосвештенство Илија, Митрополит на Оулу.
Извор: https://www.ort.fi/ru/фпц-будет-представлена-на-встрече-пра/