Генералниот секретар на Светскиот совет на Цркви до Антиохискиот патријарх: „Ви ја пренесувам солидарноста на Светскиот совет на цркви во светло на настаните во Сирија“ 

Генералниот секретар на Светскиот совет на цркви, преподобниот професор д-р Џери Пилај, на 10 декември 2024 година испрати порака на солидарност до Неговото Блаженство Јован X, православниот патријарх на Антиохија и на целиот Исток. Во пораката се пренесуваат чувства на љубов и солидарност од Светскиот совет на цркви кон Православната Патријаршија на Антиохија и на целиот Исток, како и кон сите цркви во Сирија – известува Антиохиската Патријаршија.

Д-р Пилеј во својата порака го истакна историското христијанско присуство во Сирија и упати молитви кон Господ на Мирот да внесе мир во сите срца.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/en/page/wcc-general-secretary-delivers-a-message-of-solidarity-to-patriarch-john-x/2779/