На 2 декември 2025 година, во седиштето на Православното воено свештенство на Полска во Варшава, под претседателство на претстоителот на военото свештенство, Неговото Преосвештенство архиепископ Георгиј, се одржа годишен собир на капеланите.
Архиепископот Георгиј го започна годишниот собир со богослужба во катедралата на военото свештенство. На архијерејот му сослужуваа претставници на капеланите: архимандрит помлад капетан Сергиј (Матвејчук), протојереј полковник во пензија Алексиј Андрејук, протојереј Андреј Болбот, мајор на граничната стража о. Павел Себјесјевич и протоѓакон капетан Томаш Пјечарка. На певница беше капеланскиот хор.
Следниот дел од собирот беше префрлен во конференциската сала на военото свештенство, каде што претстоителот со своето обраќање го отвори работниот дел на заседането. Тој им се заблагодари на капеланите и вработените за нивната секојдневна служба на татковината и Црквата во полската војска и службите во униформа. Архиепископот укажа на низа прашања поврзани со пастирската одговорност, предизвиците на современиот свештеник и организацијата на активностите на военото свештенство во 2026 година.
По дискусијата за тековната проблематика на пастирската служба во домашните воени и униформирани формации беа свечено доделени унапредувања, одликувања и медали.
Според одлуката на министерот за одбрана, во чинот потполковник беше унапреден мајорот Андреј Гацман, во чин мајор свештеникот, капетан Рафаил Пагур, и во чин капетан протоѓаконот поручник Тома Пјечарка.
Со одлука на Претседателот на Полската република, за примерното и исклучително совесно извршување на службените должности, со сребрен медал за долгогодишна служба беа одликувани: протојереј полковник Јан Кот, протојереј полковник Мирослав Кучински, протојереј полковник Георгиј Мокрауз; и свештеник командир Даниел Попович. Со бронзен медал за долгогодишна служба беа одликувани протојереј полковник Лука Годун и протојереј потполковник Тома Пашко.
Од страна на Военото свештенство, за посебни заслуги во процесот на создавање, развој и тековно функционирање на православната воена пастирска служба, медали по повод 30-годишнината од воспоставувањето на православното воено свештенство на Полска им беа доделени на капеланите и на цивилните работници на Военото свештенство: архимандрит помлад капетан Сергиј (Матвејчук), потполковник Андреј Гацман, свештеник поручник Карол Вилкиел, свештеник поручник Јарослав Јашчук, свештеник потпоручник Јарослав Бирилко, свештеник потпоручник Адам Јакуц, свештеник потпоручник Славомир Кохан, свештеник потпоручник Тома Лотиш, постар наредник Мироcлав Леончук, потпоручник во резерва Дамјан Дмитрук, чтец Јаков Греш и Пјотр Дондела.







