На 9 декември 2024 година, во телефонски разговор со Патријархот Антиохиски и на целиот исток г.г. Јован Х, премиерот на Грција Киријакос Мицотакис му ја изрази поддршката од Грција, како од страна на владата така и од народот, на Патријаршијата Антиохиска и целиот Исток, во контекст на настаните што се случија, и сè уште се случуваат, во Сирија и Либан – известува Антиохиската Патријаршија.
Од своја страна, патријархот му се заблагодари на премиерот за неговата поддршка и солидарност во услови на значајните промени што го зафаќаат регионот, особено Сирија. Двајцата соговорници ја нагласија длабочината на односите што ја поврзуваат Антиохиската црква со Грција.
