Фотографија: church.ua
Свештеникот на Тулчинската епархија на Украинската православна црква, Протојерејот Евгениј Воробјев, настојател на храмот посветен на иконата Богородична – Казанска, во градот Ладижин, во областа Виница, во Украина, беше нападнат во својот дом на 2 април 2024. Претходно, на 9 јануари 2024 година, неговиот храм беше насилно одземен, а тој самиот беше нападнат (фотографијата е од тој настан).
Во продолжение е целосното соопштение на Тулчинската епархија на Украинската православна црква.
На 2 април 2024 година, беше нападнат Протојерејот Евгениј, настојателот на казанскиот храм во Ладижин, во областа Виница, во Украина.
Група непознати млади лица упаднаа на приватниот имот каде што живее свештеникот, ги скршија бравите и влегоа во куќата. Свештеникот кој беше во својот дом, беше фрлен на под, претепан и извлечен во дворот.
Сето тоа се случи при целосно бездејственост на полициските службеници, кои беа присутни, но не им пречеа на младите напаѓачи и не ги приведоа. Напаѓачите побегнаа не од службениците на редот, кои мирно набљудуваа, туку од старите парохијанки кои беа во куќата и им пружија отпор на напаѓачите.
Прес-служба на Тулчинската епархија на Украинската православна црква
Извор и видео снимки: https://tulchin-eparchia.org.ua/uk/v-ladizhine-grupa-rejderov-razgromila-dom-v-kotorom-molilas-obshhina-kazanskogo-hrama-upcz/