Групна крштевка во Конго

Во неделата, на 3 мај 2026 година, беше извршена групна крштевка на 127 нови членови на Православната Црква во парохијата „Свети Нектариј Егински“ во Гома, Конго, во јурисдикција на Александриската Патријаршија.

На извршувањето на Светата Тајна, „бањата на повторното раѓање“, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот на Гома г. Тимотеј, со сослужение на чесните презвитери отец Игнатиј Битеко и отец Атанасиј Мушабиса.

Извор: https://www.romfea.gr/patriarxeia-ts/patriarxeio-alexandreias/76453-omadikes-vaptiseis-stin-episkopi-gomas-foto