На предпразненство на Богојавление 2026 година, пет возрасни лица беа крстени во парохијата „Света велика кнегиња Елисавета“ на Руската задгранична Православна Црква во Валаси, Англија. „Новоосветлените доаѓаат од многу различни средини, при што некои од нив патуваат и по многу километри за да присуствуваат на Божествените служби, а сите се обединети во својата љубов кон Христа“ – известува интернет страницата на епархијата на Велика Британија и Западна Европа.
Речиси сите новоосветлени за свои кумови избраа лица кои и самите биле крстени во црквата „Света Елисавета“ во текот на изминатите години. Протојереј Пол Елиот, парохискиот свештеник, ги ободри за нивната храброст што станале нови воини Христови и ги посоветува „секогаш да ја носат светлината Христова во секој аспект од својот живот“.








Извор: https://orthodox-europe.org/content/mass-baptisms-north-of-england/
