Групна крштевка во Уганда со околу 100 новокрстени деца

Група од мисионери од Митрополијата на Лариса во Грција учествуваше во групно крштевање на околу сто деца во источна Уганда. Мали деца, бебиња, тинејџери, возрасни, па дури и мајки со своите деца, примија православно Крштение облечени во крштални бели алишта.

Групата мисионери беше пречека од локалниот епископ, Силвестер, кој им ја покажа епархијата, вклучително и новата епископска резиденција која сè уште се гради.

На крајот од свеченоста, присутните ги изненадија мали ученици од локалната заедница со импровизирана акробатска изведба, а потоа следеше заедничка трпеза со дарови од семејствата-кумови, главно од Лариса.

Обраќајќи им се на новокрстените, епископот Силвестер ја нагласи важноста на духовната чистота и можноста за обнова преку тајната на исповедта, нарекувајќи го белиот хитон симбол на преродба, но и одговорност.

Присуството на волонтерите од Лариса беше топло поздравено од заедницата, а многумина на спонтан начин ја изразија својата благодарност.

Овој настан уште еднаш го потврдува клучниот придонес што може да го има православната мисија во земји во развој, каде духовната, социјалната и материјалната поддршка сè уште се многу потребни.

Извор: https://orthodoxia.info/news/mia-ierapostoli-tin-larisa-stin-oy/