Грузиската црква за отворањето на Олимписките игри во Париз: навреда на човечкото достоинство и пропаганда на ЛГБТ+ идеологијата

Грузиската православна црква се приклучи на реакциите и гласовите на осуда на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз.

Во соопштението објавено на официјалната Фејсбук страница на Грузиската патријаршија се вели:

„Одредени сцени прикажани при отворањето на Олимписките игри во Франција, длабоко нè натажија, и ние се согласуваме со изјавата дадена од Вселенската Патријаршија, во која, помеѓу останатите важни нешта, се кажува и следното: ’Со голема тага ги следевме навредливите претстави за христијанството и светото Евангелие, но и за секој цивилизиран човек, кој го признава правото на вероисповед и почитувањето на верските симболи.’

Од наша страна, ние се придружуваме на заедничката реакција на осуда и повреденост предизвикана од богохулната поставка, којашто го претвори отворањето во навреда на универзалното човечко достоинство и пропаганда на ЛГБТ+ идеологијата.“

Извор: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0DPTSkphSUiSp2Q1rEH2LU5KErQsz9zc5uHiVBAwtwPwEDZxompd6x5mv48eK1Cb5l&id=100064771030174