На 12 (25) март 1917 година, Грузиската Православна Црква ја обнови својата автокефалија. Во чест на овој значаен настан, со благослов на Неговата Светост Католикос-Патријархот на цела Грузија г.г. Илија II, Местобљустителот на патријаршискиот трон, Митрополитот на Сенаки и Чхороцку, г. Шио (Муџири), во патријаршиската катедрала Сиони, заедно со архиереите и свештенството, одржа благодарствен молебен.
На богослужбата, заедно со верниците, присуствуваа и претседателот на Грузија, г. Михаил Кавелашвили, премиерот, г. Иракли Кобахидзе, претседателот на парламентот, г. Шалва Папуашвили, претседателот на Академијата на науките, г. Роин Метревели, други претставници на власта и претставници на Автономната Република Абхазија, како и ректори на универзитети, претставници на интелигенцијата и млади.
По завршувањето на благодарствениот молебен, владиката Шио одржа панихида за оние што се вложиле во борбата за автокефалијата, им ја пренесе честитката од Католикос-Патријархот на цела Грузија на присутните и зборуваше за значењето на обновувањето на автокефалијата.
















На почетокот на XIX век, источна Грузија бива присоединета кон Руското царство. Грузиската црква го изгубила автокефалниот статус, а нејзиниот Синод бил под управа на Синодот на Руската православна црква.
По Октомвриската револуција Грузија за кратко време добива независност, и во тоа време, во 1917 година, Грузиската православна црква ја прогласува својата автокефалност.
По распадот на Советскиот Сојуз, Грузија стекнува државна независност, а Грузиската православна црква во 1990 година бива признаена за автокефална од страна на Цариградската Патријаршија. Цариградската Патријаршија издава Томос со кој ја признава автокефалноста на Грузиската православна црква.
Самата Грузиска црква ја смета 1917 година како година на обновување на автокефалноста, и како јубилеј го празнува датумот 25 март, кога во 1917 година била возобновена автокефалноста на црквата.