Три манастири, чии настојатели и настојателки претходно беа разрешени, ја напуштиле јурисдикцијата на Грузиската Православна Црква – известува Северноамериканската епархија на Грузиската Православна Црква.
Во март годинава, епархијата објави дека заради канонски престапи се лишени од свештенички чин и разрешени од игуманското место:
– архимандрит Атанасиј (Кларк), поранешен настојател на манастирот „Св. апостол Јаков“ во Оклахома;
– архимандрит Христофор (Хадасок), поранешен настојател на манастирот „Св. Дух“ во Мериленд;
– и игуменијата Емилијана (Хансон), поранешна настојателка на женскиот манастир „Св. Нина“ во Мериленд.
На епархиското собрание одржано на 11 октомври годинава во катедралата „Св. Давид Градител“ во Вилкс-Бар, Пенсилванија, беше прочитан извештај во кој се констатира дека овие манастири ја напуштиле јурисдикцијата на Грузиската Црква.
Епархијата соопшти:
„Отец Павле (Захарија) поднесе извештај за канонските прашања во епархијата, со посебен акцент на трите манастири што се одделија поради канонски прекршоци извршени од нивните настојатели. Тој го објасни процесот на истрага што ја спроведе комисијата и конечната одлука донесена од епископот.
Владиката Сава дополнително ги појасни причините за овие одлуки и изрази жалење за заминувањето на манастирите од епархијата, нагласувајќи дека дисциплинските мерки биле и неопходни и неизбежни според црковното право.“
Учесниците на собранието поставуваа прашања, на кои одговара членовите на комисијата.
Монасите и монахињите од овие на манастирите кои останаа верни на епархијата зборуваа со тага за одделувањето на своите браќа и сестри.
Во соопштението не се наведени конкретни детали за канонските прекршоци, но манастирите се поврзуваат со старецот Дионисиј (Каламбокас) – контроверзен монах кој е духовен водач на мрежа манастири во Грција, Европа и Америка.
Старецот Дионисиј и неговите манастири, и во странство и во САД, повеќепати менувале јурисдикција, а понекогаш биле поврзувани и со неканонски клирици. Се тврди дека старецот Дионисиј бил протеран и од Света Гора и од Светата Земја, а во 2022 година бил разрешен од свештенство од Црквата на Грција – известува сајотот „Православие“.
Покрај тоа, е познато дека овие манастири воспоставиле врска со лажен епископ од Пенсилванија, кој се претставува како „архиепископ Мелхиседек“ на т.н. „Палестинска Православна Црква на Америка“ – познат по честите преминувања во различни неканонски јурисдикции.
Овој „архиепископ“ служел и „ракополагал“ свештеници во манастирите, иако Ерусалимската Патријаршија и Собранието на канонските православни епископи на САД издале официјални предупредувања дека „тој не е вистински архијереј“ и „не е член на Православната Црква“.
Извор: https://www.facebook.com/share/p/1AU6ieaxbT/ преку: https://orthochristian.com/173355.html
