Неговата Светост Католикос-Патријархот на Грузиската православна црква г.г. Илија, упати писмо со честитка до Неговата Екселенција, Претседателот на САД г. Доналд Трамп. Во писмото од 22 јануари 2025 година, објавено на интернет страницата на Грузиската патријаршија се вели:
Господине претседател,
Срдечно Ви го честитаме изборот за 47-ми Претседател на Соединетите Американски Држави.
Луѓето имаат многу големи очекувања од Вас, не само во Америка, туку и ширум светот.
Иако во својот инаугуративен говор првенствено го истакнавте зајакнувањето на Вашата земја, сите се надеваат дека успешното спроведување на поставените цели ќе донесе општи позитивни промени и надминување на многу сериозни предизвици.
Вашата намера да ги поддржувате традиционалните вредности на човештвото кои се засновани на христијанската свест и да не штедите напори за мир на земјата, е особено важна.
Секоја власт е дадена од Господа, но, среќни се нацијата и владетелот кои својата служба ја поврзуваат со Бога и му ја посветуваат Нему… „Блажен е оној човек што се надева на Господа“ (Пс. 39, 4).
Господ нека Ве благослови Вас, Вашето семејство и вашата администрација.
Господ нека ја благослови Америка и целиот свет.
Со почит,
Илија II
Католикос патријарх на цела Грузија,
Архиепископ на Мцхета и Тбилиси
и Митрополит на Бичвинта и Цхуми-Абхазија.
