Грузискиот Католикос-патријарх прими делегација на Цариградската патријаршија

На 1 октомври годинава, претставникот на Цариградската патријаршија, митрополитот на Австрија и егзарх на Унгарија и Централна Европа Арсениј (Кардамaкис), заедно со викарниот епископ Максим, ја посети Грузиската патријаршија.

Делегацијата ја прими Неговата Светост Католикос-патријархот на цела Грузија, архиепископот на Мцхета и Тбилиси и митрополитот на Бичвинта и Цхум-Апхазија Шио III.

На средбата присуствуваа и помошникот на католикос-патријархот на цела Грузија и митрополитона Ахалцихе и Тао-Кларџети Теодор (Чуадзе), раководителот на Одделот за надворешни односи на Грузиската Патријаршија и митрополитот на Зугдиди и Цаиши Герасим (Шарашенидзе), протопрезвитерот на Грузиската православна црква Георгиј Звиададзе, раководителот на Одделот за односи со јавноста на Патријаршијата, протојерејот Андрија Џагмаидзе, како и заменик-раководителот на Одделот за надворешни односи, протојерејот Арчил Хачидзе.

На средбата се разговараше за односите меѓу двете Цркви, како и за помошта што митрополитот Арсениј ѝ ја укажува на грузиската црковна заедница во Австрија. За тоа, поглаварот на Грузиската Црква и останатите учесници на средбата му упатиле благодарност.

Се истакнува дека заедно со митрополитот Арсениј во Грузија се наоѓаат околу 50 поклоници кои, со благослов на католикос-патријархот, ќе ги посетат светите места во земјата.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1DGMXxxhJ2/