Грузискиот Католикос-патријарх Шио се сретна со претставници на Стејт департментот на САД

На 27 мај годинава, Неговата Светост и Блаженство, Католикос-патријархот на сета Грузија, архиепископ Мцхета-Тбилиски и митрополит на Бичвинта и Цхум-Абхазија, Шио III, во Патријаршиската резиденција во Тбилиси прими претставници на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави.

Со Католикос-патријархот се сретнаа претставниците на Стејт департментот на САД, Чарлс Јоки и Питер Андреоли, како и членовите на нивната придружба и вршителот на должноста амбасадор на САД во Грузија, Алан Персел – известува грузискиот црковен портал „Сазу“.

На средбата присуствуваа и митрополитот на Поти и Хоби Григориј (Бербичашвили), митрополитот на Зугдиди и Цаиши Герасим (Шарашенидзе), митрополитот на Гори и Атени Андреј (Гвазава), протопрезвитерот на Грузиската православна црква Георгиј Звиададзе, секретарот на Католикос-патријархот, протоереј Михаил Ботковели, раководителот на Службата за односи со јавноста на Патријаршијата, протоереј Андреј Џагмаидзе, неговиот заменик, протоереј Гурам Чарелашвили и други лица.

Членовите на американската делегација му го честитаа востоличувањето на поглаварот на Грузиската црква како Католикос-патријарх и повеќепати ја истакнаа улогата на Православната црква во историјата на Грузија.

Во разговорот станало збор и за односите меѓу двете земји, како и за нивните заеднички христијански вредности. Двете страни уште еднаш ја изразиле подготвеноста за продлабочување на соработката и за зацврстување на овие вредности.

Посебно било нагласено дека годинава во Грузија се одбележува 1700-годишнината од прогласувањето на христијанството за државна религија. Во врска со настаните планирани по тој повод, Католикос-патријархот на сета Грузија ја поканил делегацијата на Стејт департментот на САД да присуствува на свеченостите.

Гостите му заблагодарија на Неговата Светост и Блаженство за срдечниот прием.

Извор: https://sazu.ge/posts/post/2900