Гувернерот на Банката на Грција положи заклетва пред Атинскиот Архиепископ

На 24 јуни 2026 година, во Претседателската палата во Атина Неговото Блаженство, архиепископот Атински и на цела Грција г. Јероним, ја изврши свечената заклетва на гувернерот на Банката на Грција, г. Јоанис Стурнарас.

Свеченоста се одржа во присуство на претседателот на Грција, г. Константинос Тасулас, како и на министерот за национална економија и финансии, г. Киријакос Пиеракакис.

На церемонијата присуствуваа главниот секретар на Светиот синод на Црквата на Грција, Неговото Преосвештенство, епископот Скијатски г. Јован, заедно со синодските секретари, додека Архиепископот беше придружуван од генералниот архијерејски намесник на  Атинската Архиепископија, протојереј-ставрофор Емануил Папамикрулис – известува интернет страницата на Црквата на Грција.

Извор: https://www.ecclesiagreece.gr/epikairotita/main_epikairotita_next.php?id=4028