Хиротонија на Левкискиот епископ Климент во Бугарската православна црква

Епископската хиротонија на архимандрит Климент – клирик на епархијата на Бугарската православна црква во САД, Канада и Австралија, се одржа на 15 декември 2024 година, во Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски” во Софија, Бугарија. На Литургијата на којашто началствуваше Неговата Светост Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил сослужуваа повеќе Митрополити и Епископи на Бугарската православна црква, заедно со духовни браќа на новоракоположениот епископ Климент од Зографскиот свет манастир на Света Гора, софиски свештеници и храмовото свештенство.

На крајот на светата Литургија патријарх Даниил му го врачи жезолот на новиот епископ и одржа слово. „Ве познаваме како искрено и длабоко верен човек и христијанин, како ревносен монах, усрден во монашките послушанија, кои некогаш ги избравте да ги носите во скапиот за секое православно бугарско срце Зографски свет манастир во Градината на Пресветата Божја мајка Света Гора, Атон. Ги знаеме и почитуваме и животниот пат кој сте го изоделе во светот и кој спонтано и сосема законски го повикува во свеста нашите апостолски зборови и повик: Покажувајте ревност за подобри дарови, и ќе ви покажам уште повозвишен пат (1Кор. 12, 31)”, рече Патријархот Даниил.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/hirotonia-na-levkiyskia-episkop-kliment