Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, блаженејшиот Сава, митрополит Варшавски и на цела Полска, од 26 август до 1 септември годинава, Полската Православна Црква ја посети Детско-младинскиот хор на парохијата на храмот „Св. Кирил и Методиј“ од Солун. Младите, заедно со своите придружници, пристигнаа на покана на Братството на православната младина во Полска.
Хорот работи од 1992 година, постојано под диригентско раководство на неговиот основач, д-р Марија Мелигопулу.
Во текот на седумдневната посета, хорот ги посети храмовите во Бјалисток, Бјелск Подласки, Хајнувка, Семјатиче и Варшава, манастирите во Супрасл, Саки, Залешани, Звјерки и на Грабарка, како и значајни места на полската култура.
Главната причина за доаѓањето на хорот беа концертите. Благодарение на гостопримството на парохиите домаќини, младите одржаа концерти во манастирот „Благовештение на Богородица“ во Супрасл, во храмот „Воскресение Христово“ во Бјелск Подласки и во капелата „Св. маченик Григориј Перадзе“ во Варшава. Во меѓувреме, се одржа и концерт во Музејот на Малиот Завичај во Студзиводи, каде што хорот претстави репертоар со посветовен карактер.











Извор: https://www.orthodox.pl/wizyta-choru-parafii-sw-sw-cyryla-i-metodego-z-salonik/
