Хоспитализиран Грузискиот патријарх

На 16 март 2026 година, патријархот на Грузија Илија II беше хоспитализиран поради компликации во неговата здравствена состојба – соопшти грузиската редакција на „Сојузот на православни журналисти“

Патријархот Илија II се лекува во Кавкаскиот медицински центар. Според претставник на центарот, патријархот бил примен со дијагноза „масивно желудочно крварење“. Веќе му се извршени соодветни медицински и дијагностички процедури, а во моментов се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Од Патријаршијата ги повикаа верниците да се молат за поглаварот на Грузиската Црква. „Ги молиме сите да се молат за нас“, се вели во соопштението.

Патријархот Илија II, кој има 93 години, е најстариот поглавар на Православната Црква и ја предводи Грузиската Црква од 1977 година.

Тој ужива висок авторитет во општеството и се смета за еден од најпочитуваните дејци во земјата, продолжувајќи да ја следи црковната и општествената живост и покрај својата длабока старост.

Извор: https://mzk.ge/ge/news/89153-patriarki-ilia-ii-klinikashi-gadaiqvanes-mdgomareoba-saquradgheboa