Во ноќта помеѓу 10 и 11 септември 2024 година, храмовите „Св. Спиридон Чудотворец“ во центарот на градот Петриња и „Св. Николај“ на православните гробишта во Петриња, близу Сисак, Хрватска се најдоа на мета на вандали, кои со испишување графити упатија пораки на омраза и нетрпеливост. Храмовите припаѓаат на Горнокарловачката епархија на Српската православна црква.
Храмот „Св. Спиридон“, чија изградба започна во 2019 година, седми пат е мета на осквернување, овојпат со испишување графити на камбанаријата, додека храмот на „Св. Николај“ од 1798 година, по конструктивната обнова, е осквернет со испишување графити на западната фасада.
По пријавата од страна на Црковната општина во Петриња, тимови на криминалистичката полиција извршија увид и е поднесена пријава против непознатите сторители.
Извор: https://www.eparhija-gornjokarlovacka.hr/храмови-спрске-православне-цркве-у-пе/