Игумен од Грчката Црква: Украинците и Русите треба да се сакаат меѓу себе

Игуменот Доситеј, настојател на манастирот на Светиот Покров при Митрополијата на Сидерокастро на Православната Црква на Грција, во интервју за Сојузот на православни журналисти го сподели своето мислење за војната во Украина. 

Според неговите зборови, војната во Украина наскоро ќе заврши. 

„Ќе се молиме Господ да ги вразуми. Тие се браќа. Да застанат, да се сакаат еден со друг. Тоа ќе се случи ако го примат вистинскиот Христос во својот живот“, нагласи игуменот. 

Тој рече дека во неговиот манастир се молат „заради овој ужас што се случува таму со нашите браќа, кога се убиваат меѓусебно“. 

„За жал, и ние сме виновни за тоа. Таму пред сè се води верска војна, а останатото е од споредно значење. Тоа е прашање на верата“, рече тој.

Извор: https://spzh.eu/ru/news/85751-ihumen-elladskoj-tserkvi-ukraintsy-i-russkie-dolzhny-poljubit-druh-druha