Иконата Света Троица на Рубљов – вратена во иконостасот на Троицката Лавра

Високоценетата икона Света Троица на Рубљов е вратена на своето историско место на иконостасот на храмот Света Троица во Свето-Троицката Сергиева Лавра, близу Москва.

По повеќе од еден век, иконата беше вратена во Лавра за празникот Педесетница оваа година – историски настан за кој веќе е воспоставен годишен празник.

Иконата првично стоела пред иконостасот, на голема основа, но сега е ставена во самиот иконостас, во специјално подготвен кивот со контролирани климатски услови, пренесува РИА-Новости. Иконата од 15 век бара специфични услови за да ја зачува нејзината сегашна состојба; експертите за уметност предупредија на опасноста иконата да биде оштетена со нејзино отстранување од галеријата Третјаков во Москва, каде што се чуваше многу децении.

* * *

Иконата од 15 век се наоѓала во храмот Света Троица во Лаврата основана од свети Сергиј Радонешки во 14 век. Меѓутоа, кога безбожните власти дојдоа на власт во Русија, тие ја отстраниле иконата од манастирот. Во 1929 година, по девет години во музејот во Загорск (во Сергиев Посад), таа била пренесена во Третјаковската галерија во Москва, каде што се наоѓала цело време, до минатата година, со исклучок на неколку дена во јули 2022 година, кога иконата беше однесена во Лаврата по повод 600-годишнината од откривањето на моштите на свети Сергиј.

Иконата беше предадена во храмот „Христос Спасител“, во Москва, за Педесетница 2023 година, по што беше подложена на професионална реставрација. Потоа, во јануари оваа година, беше повторно вратена во истиот храм.

Конечно, во јуни годинава иконата е однесена во својот историски дом, каде што ќе остане трајно.

Заради своите заложби за враќање на иконата на нејзиното историско место Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, беше награден со орден од Руската православна црква, за што веќе известивме.

Извор: https://orthochristian.com/162004.html