Илинден прославен со Литургија на македонски јазик во с. Јабука, Србија

По повод големиот македонски празник Илинден, во храмот „Свети Илија“ во с. Јабука, Србија, беше отслужена Божествена Литургија и на македонски јазик која ја водеше јеромонахот Дионисиј (Ботев), кој моментално служи во манастирот „Света Петка“ во Беркасово, општина Шид.

Верниците имаа можност да го чујат и посланието на Неговото Блаженство, поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан,  кое беше прочитано за време на Литургијата.

Оваа духовна радост и молитвена заедница ги собра Македонците од сите краеви на Србија, кои дојдоа да го чествуваат Илинден со љубов, вера и благодарност кон нашето духовно и национално наследство.

Селото Јабука се наоѓа во општината Панчево, во Јужнобанатскиот Округ. Јабука претставува населено место во Србија со најголем удел на Македонци и нивно важно културно средиште во Војводина.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1AghBNvqxP/