Архиепископот Токиски и митрополит на цела Јапонија Серафим го прослави својот именден – празникот на свети Серафим Саровски. По тој повод, на 14 јануари беше отслужено сеноќно бдение, а на 15 јануари Божествена Литургија, со кои началствуваше митрополитот Серафим во Токискиот храм на Христовото Воскресение. 15 јануари воедно е и датумот на неговата архијерејска хиротонија во 2000 година.
По завршувањето на Божествената Литургија, митрополитот Серафим упати зборови на благодарност, по што беа изречени честитки од раководителот на Претставништвото на Руската Православна Црква во Јапонија, беше пренесена честитката од Рускиот Патријарх, како и честитки од страна на началникот на Црковно-административниот оддел на Токиската епархија во име на клирот на Јапонската Православна Црква, од раководството на женското црковно друштво при Токискиот Воскресенски собор, како и од сестринство на Софискиот манастир при Претставништвото на Руската Православна Црква во Јапонија. Беа врачени честитки, свежо цвеќе и спомен-подароци.
По заедничкото пеење на многулетствие, со молитва за здравје на митрополитот Серафим и за напредок на Јапонската Православна Црква, беше направена заедничка фотографија.










