Изборот на нов Архиепископ на Православната Црква на Албанија ќе се одржи на 16 март

Православната Автокефална Црква на Албанија го најави изборот на нов Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. Светиот Синод информира дека изборот ќе се одржи во недела, на 16 март 2025 година, која според црковниот календар е Втората недела од Великиот пост. Заседанието на Синодот, на кое ќе биде избран наследникот на блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј, ќе се одржи во Синодската сала по завршувањето на Светата Литургија.

Според официјалното соопштение, изборниот процес ќе се спроведе согласно одредбите на Уставот на Православната Автокефална Црква на Албанија.

Од канцеларијата на Светиот Синод наведуваат дека сите постапки се во согласност со канонските правила и традицијата на Црквата.

Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2025/03/13/ἡ-ἐκλογή-τοῦ-νέου-ἀρχιεπισκόπου-ἀλβ/