Интернет страницата на Бугарската Патријаршија го пренесе известувањето на Зографскиот манастир на Света Гора – Атон, во врска со изборот на нов игумен на оваа света обител.
Денес, на 30.3/12.4, на Лазарова сабота, во нашата света Зографска обител на Света Гора Атон беа одржани избори за игумен по упокојувањето на нашиот отец архимандрит Амвросиј. Изборот беше спроведен според барањата на Внатрешниот устав на манастирот, како и на Уставот на Света Гора. За нов игумен беше избран јеромонахот Гаврил.
Биографија на новиот игумен
Отец Гаврил, со световно име Георги Каратотев, е роден на 11.12.1973 година во Софија. Во Зографската света обител пристига на 20.12.1997 година, а монашкиот постриг го прима точно една година подоцна – на 20.12.1998 година. За јеромонах е ракоположен на 24.10.2003 година. Од почетокот на 2003 година речиси постојано е прв епитроп на светата обител.
Од манастирската канцеларија

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/izbran-be-nov-igumen-na-zografskia-manastir-na-sv-gora-aton