Издаден молитвеник и служебник на јазикот чичева

Руската Православна Црква продолжува со преводот и издавањето на православна литература на чичева — националниот јазик на државата Малави во југоисточна Африка.

На 8 февруари 2026 година, во парохијата „Св. рамноапостолен велик кнез Владимир“ во округот Зомба, свештеникот Сава Каџава, ги претстави молитвеникот и служебникот на јазикот чичева, чиј превод самиот го изработил. Примероците беа отпечатени под раководство на Духовно-просветниот центар „Св. апостол Марко“ при Патријаршискиот егзархат на Африка на Руската Црква и истите им беа поделени на свештенството и верниците – известува Егзархатот.

„Луѓето беа длабоко трогнати и благодарни за можноста да добијат молитвеник на својот мајчин јазик“ – раскажа отец Савва. „Ова е особено важно и за бројните новообратени, кои се на самиот почеток од својот духовен пат и сè уште не ги познаваат православните молитви.“

Претходно, во април 2024 година, на заедниците им беа предадени православни катехизиси на чичева, издадени од Патријаршискиот егзархат на Африка.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/izdany-molitvoslov-i-sluzhebnik-na-yazyke-chicheva-malavi/