Изјава на Српскиот патријарх Порфириј по повод настаните во Сирија и на Блискиот Исток

На 8 декември 2024 година интернет страницата на Српската православна црква објави изјава на Неговата Светост, Српскиот патријарх г. Порфириј, по повод најновите настани во Сирија и на Блискиот Исток: 

Со голема загриженост веќе со месеци ги следиме трагичните вести за страдањата на народот во Палестина, а сега изгледа дека воениот пожар, како носен од ветерот, повторно се шири кон исток, во Сирија. Страдањата на српскиот православен народ во последните децении, како и на другите соседни народи, ме обврзуваат да апелирам до сите држави и личности вклучени во настаните на Блискиот Исток да имаат предвид дека Истокот и Западот се поврзани садови и дека страдањата на народите во Сирија и Палестина лесно можат да се пренесат и во други делови од светот. 

Ги повикувам свештенството, монаштвото и српскиот православен народ, исто како што се молиме секојдневно за нашите страдални браќа и сестри на Косово и Метохија, да се молат на Господа и Пресвета Богородица за православните на Блискиот Исток, но и за сите други христијани во тој дел од светот, кој е осветен со чекорите на нашиот Господ Исус Христос и неговите први ученици. Да се молиме за сите луѓе кои страдаат таму, но и за сите страдалници во Украина и други делови од светот, свесни за длабоката вистина во зборовите на Господ дека „ако страда еден орган, со него страдаат сите огани“ (1Кор. 12, 26). 

Посебна молитвена, сочувствителна и братска љубов и поддршка изразувам на вистинскиот пријател на Светосавската црква, Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован, и на неговото свето свештенство, кои бестрашно, како мачениците од првите векови, ја сведочат Божјата љубов. 

Архиепископ Пеќки, Митрополит белградско-карловачки и Српски патријарх 
Порфириј

Извор: https://spc.rs/izjava-patrijarha-porfirija-povodom-dogadjaja-u-siriji-i-na-bliskom-istoku/