Излегоа од печат вториот и третиот дел од Требникот на Бугарската православна црква

Светата Софиска митрополија продолжи со издавање на богослужебната книга „Требник“ во нов формат. Имено, заради удобно користење, разделена е на шест дела, а за излегувањето на првиот дел веќе известивме.

Сега од печат излегоа вториот и третиот дел на Требникот. Вториот дел ги вклучува молитвите поврзани со Светата тајна Брак (Венчание), а третиот дел е Елеосвештение (Маслосвет). Изданијата се на бугарски и црковнословенски јазик, фототипни изданија на синодскиот Требник.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/izlyazoha-ot-pechat-oshte-dve-chasti-na-trebnik-za-svetite-t